написи

граѓански сектор

Граѓанскиот сектор- невидлив работодавач

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Конект подготви анализата на јавните политики поврзани со средината за вработување во граѓанските организации. На 21.01.2016 во Јавна соба, Скопје беа  јавно презентирани резултатите од анализата, кои понатаму ќе послужат и за формулирањето на Извештајот за следењето на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2015 година што ќе го издаде Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Анализата со наслов „Граѓанскиот сектор- невидлив работодавач“ се осврнува на два клучни сегменти од аспект на граѓанскиот сектор како работодавач: 1) Законската рамка во доменот на работните односи; и 2) Политиките за поттикнувањето на вработувањето со посебен акцент на активните мерки за вработување и нивната достапност за граѓанските организации како работодавачи. Се дефинираат препораки за иден развој на правно-политичката рамка за поттикнување на вработувањето во граѓанскиот сектор. Препораките се наменети за законодавецот, носителите на одлуки, институциите и граѓанските организации.

Преземете:

За време на настанот на којшто беа присутни над 50 претставници на граѓанските организации  од МЦМС беа претставени и резултатите од првата студија за економската вредност на непрофитниот сектор во седум земји од Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија) и Турција. Студијата опфаќа информации за економското влијание на секторот, ги мапира и илустрира финансиските капацитети, големината, резултатите и вредностите на секторот во однос на целокупната економија. Дополнително на денот на настанот ќе биде објавена електронската верзија од студијата на македонски јазик. Автор на студијата е Дубравка Велат, со поддршка на извршната канцеларија на БЦСДН и нејзините членките.

 

Анализата на јавните политики поврзани со средината за вработување во граѓанските организации е подготвена во рамки на проектот Acqius на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот Центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.

Share and Enjoy

Коментари

2 Responses to “Граѓанскиот сектор- невидлив работодавач”

  1. Многу сме ви благодарни што ја споделивте со нас анализата – „Граѓанскиот сектор- невидлив работодавач“.
    Поради здраствени причини на неколку наши членки бевме спречени да присуствуваме на јавната презентација.

    Поздрав
    Драгица Милошевска
    „Женска акција“
    Драгица Милошевска, претседател

    Поставено од „Женска акција“ Скопје | јануари 30, 2016, 8:48 AM

Коментирај