архива

граѓански сектор

Оваа категорија содржи 12 постови

Донаторски календар 2020

Приказни од Конектирај се! Бесплатни правни услуги за безгрижни детски насмевки

Тргнувајќи од желбата да отвори Центар за деца со посебни потреби, Фондацијата Аполонија не ни замислувала дека на тој пат ќе наиде на обемни бирократски процедури. Договори, елаборати, осигурувања се само еден дел од десетиците документи што биле потребни за Аполонија да го регистрира Центарот. „Граѓанските организации што работат на проекти секогаш се фокусирани на […]

Приказни од Конектирај се! – Научни вештини за извидниците

„Извидник научник“ е вештината што ја стекнуваат извидниците од Сојузот на извидниците на Македонија (СИМ) благодарејќи на нивното запознавање со испитувањата кои се вршат во Лабораторијата за животна средина на компанијата „Фармахем“. Осумдесет извидници се веќе носители на ова посебно вештарство, со кое се одликувани. Сојузот на извидниците и „Фармахем“ се поврзаа преку сервисот Конектирај […]

Приказни од Конектирај се! Продавачите од „Лице в лице“ учат за поуспешна продажба

Како да им ги презентирам содржините на списанието, како да привлечам повеќе купувачи, се само дел од прашањата што му ги поставувале на Михаил Китановски од консултантската фирма D2EM лицата кои го продаваат списанието „Лице в лице“. Китановски им одржа обука за презентација и продажба на списанието на продавачите од  „Лице в лице“, кои со него […]

Приказни од Конектирај се! Модни додатоци што интегрираат

Моден активизам – вака може да се нарече вклучувањето на дизајнерката Ирина Тошева во големиот број проекти наменети за маргинализирани групи. Таа го користеше сервисот Конектирај се! на Конект преку кој ја поврзавме со Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ од Куманово. Корисниците на „Порака Наша“, лица со умерена и тешка […]

Приказни од Конектирај се! Со донација од 1.200 книги збогатени библиотеките на училиштата во руралните средини

Преку сервисот Конектирај се! градиме партнерства меѓу бизнисите и непрофитните организации за заеднички да создаваат добри промени во своите заедници. Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ преку сервисот Конектирај се! изрази потреба за партнерска соработка со која ќе се овозможи подобрување на условите на децата од ранливите групи или од достапност до […]

Конференција за предизвиците и можностите за вработување на маргинализирани групи во социјалните претпријатија

На 24.06.2016 се одржа конференција на тема „Предизвиците и можностите за вработување маргинализирани групи во социјалните претпријатија“, на која беа презентирани резултатите и наодите од најновото истражување – „Можностите и предизвиците на социјалните претпријатија за вработување на маргинализираните групи“, како дел од Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан – RRPP. Ограничените можности […]

Покана: Конференција за социјални претпријатија

Реактор-Истражување во акција, Конект и Паблик од Македонија, Партнерс  Албанија и Центарот за мир и толеранција од Косово, со задоволство Ве канат на Конференција за социјални претпријатија што ќе се одржи на 24.06.2016, петок, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје со почеток од 10 часот. Конференцијата ќе ги презентира резултатите и наодите од проектот „Предизвици […]

Обуки за мобилизирање средства од бизнис секторот и граѓаните

Со цел да им помогне на граѓанските организации да бидат успешни во прибирањето средства од локални донатори, здружението Конект во соработка со Business in the Community од Северна Ирска организира обуки за мобилизирање на средства од бизнис секторот и граѓаните. Обуките се дел од проектот „Граѓанското општество посилно со бизнисот и граѓаните“ финансиран од Европската […]

Придружи се. Испланирај. Донирај паметно.

Конект, во соработка со ТЕА Модерна, по шести пат подарува Донаторски календар за 2016 година. Свесни дека малку издвоено време и средства можат да направат големи добри дела, предлагаме идеи за добри промени низ целата година. Споделувајќи предлози за донирање даваме поддршка и ја шириме каузата на граѓански организации и активисти кои работат за доброто на […]