написи

Филантропија

Големото срце: Џорџ Клуни

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Сестраниот Џорџ Клуни, според официјални извори, е еден од ѕвездите поради кои најмногу се продаваат кино влезници во светот и често е именуван во листите на ,,најсекси” мажи. Покрај тоа што е актер, режисер и продуцент тој учествува во филантропски акции од Судан до САД. Исто така, тој е доживотен член на Советот за надворешни односи (Council on Foreign Relations).

George_ClooneyWIKIКлуни ја основа Not On Our Watch со своите колеги ѕвезди од филмот ,,Единаесет на океанот”- Дон Шедл, Мет Дејмон, Бред Пит и продуцентот Џери Веинтраб. Мисијата на организацијата е да се спречи геноцидот што се случува во Судан. Клуни неколку пати лично ја посетил областа и зборувал со жртвите на силување и тортура. Неговата добротворна организација донираше милиони долари за да им помогне на оние кои страдаат во тој регион. Голем дел од овие финансии беа доделени на Светската програма за храна на Обединетите нации.

Клуни долго време учествуваше во кампања за мир во Судан. Со својот татко, новинарот Ник Клуни, тој сними документарен филм таму во 2008 година за да се прикажат злосторствата во проблематичниот регион Дарфур откако земјата беше вовлечена во граѓанска војна. По прикажувањето на документарниот филм, тој се сретнал со претседателот Барак Обама за да разговараат за ова прашање. Џорџ Клуни иницираше проект за сателитски надзор Satellite Sentinel Project (SSP), спонтано, за време на патување во Јужен Судан во октомври 2010 со ко-основачот на проектот ,,Доволно е” (Enough Project) Џон Прендергаст. Проектот за сателитски надзор комбинира анализа на сателитски снимки и теренски извештаи со Google Map Maker технологија. Проектот обезбедува систем за рано предупредување за да оневозможи вистинска граѓанска војна помеѓу Северен и Јужен Судан и за да промовира поголема отчетност за масовни злосторства.
Џорџ е втора генерација од семејството којашто се грижи за луѓето и ја користи својата слава за да помогне на оние кои имаат потреба, а не се во можност да си помогнат сами. Тој силно верува дека подобро е некој да научиш да рибари, отколку да му дадеш риба.

ЏОРЏ НАЈДЕ ВРЕМЕ. МОЖЕШ ЛИ ТИ? За да дознаете како можете да помогнете во вашата заедница стапете во контакт со Конект на konekt@konekt.org.mk

Share and Enjoy