написи

ЗДСЈД

Давање и примање на донации и спонзорства

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (ЗДСЈД), донација е доброволна и безусловна помош во пари, добра и услуги која не создава директна корист за давателот, ниту обврска за враќање од примателот на донацијата. Донацијата може да биде дадена за:

  • цели од јавен интерес или
  • за поддршка на активностите на примателот.

Донацијата може да се даде во: жирални пари, финансиски средства, теледавања и организирани настани за прибирање на средства, секаков вид добра и услуги, вклучувајќи и материјални добра, сопствено произведени или набавени, и завештанија и други преносни права.

Доколку сте правно или физичко лице кое донирало или има намера да донира во активности или проекти од јавен интерес, согласно Законот имате право на даночно поттикнување во доменот на персоналниот данок на доход, данокот на добивка, данокот на додадена вредност и данокот на имот.

Целата процедура која треба да се спроведе за да се ползува даночното поттикнување, детално е опишана во Законот.

Доколку ви е потребна помош во разбирање или спроведување на процедурата слободно можете да контактирате со нас на konekt@konekt.org.mk или да ја погледнете брошурата подготвена од страна на Управата за јавни приходи.

Share and Enjoy