За Конект
  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Конект е здружение на граѓани од Македонија формирано во јуни 2008 од страна на неколку ентузијасти кои веруваат дека Македонија има потенцијал да се развива потпирајќи се на локални ресурси и капацитети.
Нашата мисија е поттикнување и промовирање на приватното донирање и општествената одговорност насочено кон ефективен и долгорочен развој на Македонија. Нашата мисија ја остваруваме преку:

  • Поттикнување на поединците и семејствата да донираат мудро и обмислено;
  • Поддршка на деловните субјекти, без оглед на големината, да донираат и вложуваат во заедницата стратешки и со долгорочно влијание;
  • Поттикнување на луѓето насекаде низ Македонија да ги осмислат своите донации – и малите донации кога се здружени можат да променат многу;
  • Подигнување на свеста за потенцијалот на филантропијата да постигне вистинско влијание во општеството.

Покрај нашето делување во доменот на филантропијата, Конект е посветена и на промовирање и поттикнување на општествената одговорност на претпријатијата (ООП). Веруваме дека кога ООП се интегрира во бизнис стратегијата, му овозможува на претпријатието зголемена продуктивност, иновативност и долгорочен одржлив развој. Во таа насока, преку Конект CSR им нудиме поддршка на претпријатијата во развивањето на нивните стратегии, приоди и извештаи во доменот на ООП.

Повеќе за Конект можете да прочитате тука>>>

Share and Enjoy