
Форум за законски решенија важни за финансиска одржливост на граѓански организации
На 21 декември 2018, во х. Театар Битола (ул. Стив Наумов бр. 35), со почеток во 11 часот се одржa првиот форум од серијата консултации со граѓанските организации.
Теми на дискусија беа:
ЗДСЈД – Законот за донации и спонзорства во јавни дејности и Граѓанскиот сектор како работодавач.
Дали и какви промени се потребни во законите кои се поврзани со финансиската одржливост на граѓанските организации (ГО)?
90 граѓански организации ќе имаат можност да ги споделат своите предлози, предизвици и искуства на 3 регионални форум дускусии кои ќе се одржат во Битола, Велес и Тетово.
Станува збор за пошироки консултации со ГО, со вклучување на мали и „грас-рут“ ГО во овој процес и други релевантни засегнати страни како надлежни министерства и локални инсититуции. Една од целите е да се слушнат потребите од терен, и заеднички да застапуваме за промени.
Застапувањето за промени во регулативата што се однесува на даночниот третман и финансиското работење на ГО е причината поради која постои мрежа за финансиска одржливост на ГО. Мрежата брои над 80 членки и застапува за поволни промени во следните области:
• Даночниот третман на ГО;
• Даночните олеснувања за донации и спонзорства за ГО и поврзување со статусот на организации од јавен интерес;
• Сметководствениот систем за непрофитни организации;
• Статусот на ГО како работодавачи и поддршка за вработување во граѓанскиот сектор преку активни мерки за вработување.
Заклучоците од овие спроведени консултации со граѓанскиот сектор ќе бидат земени во предвид во активностите за застапување на мрежата за финансиска одржливост на граѓански организации.
Овие настани се од голема полза за граѓанскиот сектор да ги формулира своите гледишта за застапување и да се превземат конкретни активности за промени.
Овие настани се дел од проектот „Промени за одржливост“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика. Проектот има за цел да придонесе во градењето поволна средина за финансиска одржливост на ГО во земјата.