fbpx

10-ти декември Ден на човековите права: Бизнисите важен дел од заштитата

Генералното собрание на ОН поаѓајќи од идејата дека сите луѓе се слободни и еднакви на 10-ти декември 1948 година, пред точно 70 години овој датум го прогласи за Меѓународен ден на човековите права.

Бизнисите имаат важна улога во заштитата на човековите права. Спроведовме истражување на оваа темa на над 100 компании во земјата. Дел од компаниите изјавиле дека не биле утврдени ризици по човекови права, а онаму каде биле утврдени, се однесувале на односи меѓу вработени и кон истите било пристапено со корективни акции (мерки за ранливи групи, донесување акти за безбедност при работа, обуки за вработените и сл). Околу една четвртина од учесниците во истражувањето реализирале обуки за вработените на теми врзани за човековите права.

Бизнис заедницата ја препознава потребата од Претходна проверка за човекови права во компаниите, потребни за нивна заштита, но и усогласување со светските практики и Водечките принципи на Обединетите нации. Овој процес за управување со ризици треба да го следат компаниите за да ги идентификуваат, ублажат и спречат негативните влијанија врз човековите права.

По повод 10ти декември, Конект најавува дека ќе објави Јавен повик за поддршка на компании при процесот на Претходна проверка за човекови права. Поддршката за овој процес нуди единствена можност на пет компании, кои ги вклучуваат следниве услуги: услуги на експерт; анализа на податоци; поддршка при воспоставување на механизми, правила и процедури; како и можност за поддршка и консултација со експерти до завршување на процесот.

Поддршката е обезбедена преку проектот ,,Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“  кој е финансиран од Европската Унија и спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис Конфедерација во периодот 2018-2020 година. Преку него ги подржуваме економските и социјалните права во приватниот сектор преку унапредување на работните и човековите права.

Јавникот повик ќе биде објавен наскоро, следете ја страната на Конект www.konekt.org.mk!