fbpx

Создаваме соработка помеѓу граѓанските организации и компаниите: Конектирај се!©

Во Неделата на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество во партнерство со Конект се одржа настанот „Создаваме соработка помеѓу граѓанските организации (ГО) и компаниите: Конектирај се!©“.

Настанот овозможи поврзување на девет граѓански организации со претставници на девет компании кои се запознаа за прв пат и разговараа за начините на кои можат да соработуваат. Соработката на ГО со компаниите има огромно зачење за одржливоста на иницијативите и мисиите на организациите, а за компаниите претставува можност директно да се вклучат во решавање на проблемите на локалната заедница каде што дејствуваат.

По моделот на брзи состаноци во времетраење од пет минути, ГО и компаниите разговара и утврдија полиња на заеднички интерес и можности за идна соработка. Конект спроведе и менторство на ГО кое им помогна да идентификуваат модели на соработка со компаниите.

Од настанот придобивки имаа и двете страни. За ГО ова беше можност за контакт со компании, препознавање на претставниците од бизнис-секторот како идни партнери, идентификување можности за идна соработка и размена на искуства. За компаниите пак, ова беше можност да остварат првичен контакт со ГО, да запознаат партнер – ГО којашто одговара на нивните цели за општествена одговорност, да добијат подобра слика и разбирање за заложбите, потребите и предизвиците со коишто се соочуваат ГО.

Од листата за впечатоци пополнета од страна на компаниите може да се утврди дека мисиите на ГО во поголем дел содејствуваат со целите за општествена одговорност на компаниите како што се поддршка на младинските иницијативи за поголема вклученост на младите во општеството, заштита на жртвите од семејно насилство и семејствата со еден родител, подржување на иницијативите за уметност и слично.

Од страна на ГО беше истакнато дека со компаниите можат да соработуваат на  заеднички проекти, да добијат професионална помош во областа на правото, финансиите, IT поддршка, маркетинг, менторирање, обука и едукација.

Конектирај се!© претставува сервис на Конект за поврзување на граѓанските организации со компании.

Преку Конектирај се!© ГО можат да добијат поддршка за својата работа од страна на компаниите. Поддршката може да биде во различна форма, во зависност од потребите на ГО и достапните ресурси на компаниите. Примарната цел на поврзувањето е да се искористат знаењата и експертизата на компаниите и да се помогнат стратешки партнерства кои носат корист како за компаниите така и за ГО. Тимот на Конкет ќе посредува во воспоставувањето на продуктивна соработка.

Конект е корисник на институционален грант од Цивика Мобилитас.