Повик за експерт за подготовка на стратешки документи за Целите за одржлив развој

Проектот „Градење меѓу-секторски партнерства за одржлив развој“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект, АГОРА и Мрежата на глобалниот договор од Бугарија објавува повик за експерт за изработка на два стратешки документи:

  1. Приказ на Целите за одржлив развој и нивно мапирање (SDG Landscape Map) и
  2. Стратешки акциски план (Actionable Strategy Plan).

Кандидатите кои ќе се пријават на овој оглас треба да имаат одлични познавања за темата и областите на одржливиот развој на национално и меѓународно ниво, природата и спецификите на Целите за одржлив развој, актуелните состојби и процеси на креирање јавни политики, стратешки документи, како и клучните сегменти на поврзување на Целите за одржлив развој со процесот на интеграција на земјата во Европската Унија. Претходно искуство во истражувачки проекти и креирање на стратешки документи во наведените и слични области се смета за предност.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

– Мотивациско писмо (до 500 збора) со опис на релевантната експертиза и причините зошто се сметаат себеси за најдобри кандидати;

– Кратка биографија (CV)

– Анекс 1 со податоци за општото и конкретното искуство во спроведување на слични задачи и други релевантни податоци;

– Референта листа на слични ангажмани и детали за контакт од минимум 2 клиенти.

Ве молиме доставете ги Вашите апликации по електронска пошта на konekt@konekt.org.mk и zojat@konekt.org.mk, најдоцна до 16-ти ноември до 17:00ч.

За повеќе детали следете го линков Повик за експерт