fbpx

Заштити ја својата организација!

Прв прирачник за спречување на изложеноста на непрофитниот сектор на перење пари и финансирање тероризам

Секоја непрофитна организација (НПО) е важно дa разбере што за  нејзиното работење значат меѓународните стандарди и правните прописи за спречување перење пари и финансирање тероризам. Определувањето на можните ризици помагаат да преземеме соодветни мерки за заштита. Овој прирачник ги води НПО чекор по чекор во развивање на нивната отпорност од злоупотреби. Публикацијата е полезна за сите кои сакат да се едуцират на оваа тема.

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество прирачникот го изготви Конект во соработка со Европскиот центар за непрофитно право и Управата за финансиско разузнавање на РСМ.

Прирачникот преземете го на македонски, албански и англиски јазик.

 

 

 

Проценката на ризик од финансирање тероризам за непрофитните организации во кратки црти

На лесен и едноставен начин информирајте се за проценката на ризик од финансирање тероризам за непрофитните организации во Република Северна Македонија. На неколку страници прочитајте ги најважните информации од овој обемен документ.  Материјалот е практичен за непрофитни органиации, институции, банкарскиот сектор и сите заинтересирани за овие прашања. Дознајте:

  • Кои непрофитни организации се опфатени со проценката?
  • Какви се ризиците за финансирање тероризам во нашата земја?
  • Кои се препорачаните мерки за заштита?
  • Кои се придобивките од Ознаката за доверба за непрофитните организации?

Преземете и споделете на македонскиалбански и англиски јазик.

Материјалот го подготвивме во рамките на проектот за Северна Македонија, управуван од Европскиот цетар за непрофитно право, овозможен од Меѓународниот центар за непрофитно право преку Иницијативата за граѓански простор.