Доделени грантовите и од вториот јавен повик на проектот „Промени за одржливост“

Во рамки на вториот повик, осум граѓански организации се одбрани за користење на грант од проектот Промени за одржливост финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект, Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика. Целосниот преглед на доделени грантови може да го преземете <<тука>>

На вториот јавен повик беа примени 63 апликации. Од нив, по процес на детална проверка на секоја апликација и комисиска оценка, беа селектирани осум граѓански организации што ќе користат грант. Вкупната висина на средства за сите грантисти од вториот јавен повик изнесува 2.456.768 денари.

За типот на поддршка I – Проекти имплементирани со меѓу- секторско партнерство корисници на грантови се: Здружение за меѓугенерациска солидарност „Доблест“ Скопје, Здружение за рурален развој локална акциона група Преспа Ресен, Здружение на граѓани Центар за одржлив развој „Елипса“ Куманово, Здружение Мултикултура-Тетово и Здружение за дислексија „Ајнштајн“ Скопје.

За типот на поддршка II – Модели за локално прибирање ресурси за одржливост на иницијативите на ГО, корисници на грантови се: Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу грин“ Скопје, Здружение на граѓани и „Ековита“ Неготино, Здружение на граѓански активизам „Форум 16“ Битола.

На првиот јавен повик беа примени 76 апликации а, беа селектирани осум граѓански организации што ќе користат грант во висина од 1 до 6 илјади евра. Вкупната висина на средства за сите грантисти од првиот јавен повик изнесува 2.709.230 денари.

За типот на поддршка I – Проекти имплементирани со меѓу- секторско партнерство грантисти се: Здружение за заштита на природата и здравјето „Виножито“, Друштво за помош на лица со посебни потреби „Зрак“ Велес, Прв Скопски Извиднички Одред и Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби „Бравура Кооператива“ Делчево.

За типот на поддршка II – Модели за локално прибирање ресурси за одржливост на иницијативите на ГО, грантисти се: Здружение за социјални иновации Асоцијација за развој на нови опции „Арно“, Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, Здружение на граѓани „Културна ризница“ и Здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ Скопје.

Конект верува во силни граѓански организации со потенцијал да се развиваат потпирајќи се на локални ресурси и капацитети. Преку грантовите, проектот поддржа иницијативи на ГО што ќе се реализираат и со дополнително учество од локалната заедница, а така ќе се промовираат и ќе се зајакнат партнерствата на ГО со другите сектори (бизнисите и локалните институции) и граѓаните.

 

Средствата за грантови се обезбедени од Европската Унија.